Иако сите го очекуваат денот кога Нејмар ќе се врати од ПСЖ во Барселона, тој наводно е поблиску до трансфер во Реал.
Сепак, голема пречка која го попречува трансферот на Нејмар во Реал е тренерот на овој клуб, Зинедин Зидан. Има многу причини поради кои Перез го сака Бразилецот, а еден од нив е се разбира популарноста и парите кои ќе дојдат со тоа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Зидан од другата страна смета дека Нејмар не може да игра за Реал, најмногу поради својот карактер. Шпанските медиуми пишвуаат дека Перез ќе испрати понуда за Нејмар иако тоа не му се допаѓа на Зидан. Од другата страна, доколку се договорат, повторно Зидан ќе го има последниот збор околу трансферот, бидејќи тоа е договорот на него и Перез од моментот кога повторно ја превзеде тренерската позиција.