Тотенхем до сега доведе две големи засилувања во вредност од околу 70 милиони фунти, станува збор за Џек Кларк и Танги Ндомбеле.
Сепак, „спарси“ сега се спремни да потрошат уште 80 милиони фунти за двајца фудбалери. Станува збор за Аргентинецот, Ло Селсо кој е играч за врска и во моментов настапува за Бетис, а доаѓањето на Фекир би значело негово заминување.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Второто засилување ќе биде момчето за кое се смета дека ќе биде иднина на фудбалот во Англија, Сесињон кој настапува за Фулам.
Англиските медиуми тврдат дека договорите се постиганти и двата трансфери ќе бидат комплетирани до крајот на неделата, кога се очекува и претставувањето на играчите.