Дома Трансфер зона Себаљос пристигнува на прегледи – Арсенал добива големо засилување

Себаљос пристигнува на прегледи – Арсенал добива големо засилување

Плејмејкерот на Реал Мадрид, Дани Себаљос кариерата ќе ја продолжи во Арсенал, потврдија шпанските медиуми.

Двата клуба се договориле, а и самиот играч дал согласност да премине во англискиот клуб и трансферот се очекува да биде официјализиран најдоцна до утре.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Себаљос ќе пристигне во Арсенал како позајмен играч до крајот на сезоната и тоа без право на откуп.

Себаљос не влегува во плановите на Зидан за оваа сезона, па поради тоа реши да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.

Од Реал Мадрид претпочитаат да не го продаваат својот фудбалер, туку да ги испратат на позајмица, а следното лето ќе одлучуваат за неговата иднина.

Себаљос пристигна во Мадрид од Бетис летото 2017 година за 16,5 милиони евра. Минатата сезона, 22-годишниот играч настапи на 23 натпревари, 13 пати во стартната постава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…