Дома Трансфер зона Сопствениците на Интер го прават Бејл најплатен фудбалер на светот!

Сопствениците на Интер го прават Бејл најплатен фудбалер на светот!

Герет Бејл е на излезна врата од Реал Мадрид, откако „кралевите“ јасно му порачаа дека нема да сметаат на него следната сезона.

Бејл има договор со Реал Мадрид до 2022 година според кој заработува 17 милиони евра по сезона, сума која заинтересираните клубови од Европа не можат да му ја понудат.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Но, медиумите тврдат дека на негова адреса пристигнала богата понуда од Кина според која Велшанецот може да стане најплатен фудбалер во светот.

Имено, Џиангсу Сунинг, клубот кој има исти сопственици како милански Интер, на Бејл му нуди годишна плата од невројатни 35 милиони евра по сезона. Станува збор за нето плата, а бруто трошоците ќе го чинат „Сунинг“ околу 50 милиони евра годишно.

Шпекулациите додатно се разгореа откако Џиангсу Сунинг на својот Инстаграм профил почна да го следи Герет Бејл.

Сега се е во рацете на Бејл, кој треба да одлучи дали да се пресели во Кина или да продолжи да игра врвен европски фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…