Дома Македонски спорт Мак фудбал Ако го мине Дуделанж, Шкендија повторно со Номе Калју во 3-то коло

Ако го мине Дуделанж, Шкендија повторно со Номе Калју во 3-то коло

По елиминацијата од Номе Калју во воведната рунда од Лигата на шампионите, македонскиот првак Шкендија го очекува нов предизвик, овој пат во второто коло од Лига европа против Дуделанж од Луксембург.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денес во Нион беше одржана ждрепката за 3-то квалификациско коло од Лига Европа, па тетовци добија шанса да се реваншираат.

Имено, доколку го победат Дуделанж, ќе се соочат со поразениот од мечот меѓу Селтик и Номе Калју.

Со ова на Шкендија повторно и се отвора патот кон плејофот во Лига Европа, па доколку ги елиминира Дуделанж и Номе Калју ќе биде на чекор од групната фаза во Лига Европа.

Фото: ФК Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …