Сагата околу евентуалниот трансфре на Нејмар е главна тема откако Бразилецот јавно потврди дека сака да си замине од Пари Сент Жермен.
Барселона сака да го врати Нејмар на „Камп Ноу“ и веќе работи на трансферот, но никако не може да најде заеднички јазик со ПСЖ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес медиумите лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Бразилецот може да заврши во Реал Мадрид и тоа во спектакуларна трампа.
Имено, раководството на ПСЖ ги известило колегите од Реал Мадрид дека е спремно да прифати понуда во која ќе биде вклучен Герет Бејл плус пари за Нејмар.
„Кралевите“ се спрмени да влезат во преговори за ваква трампа, а „Мундо Депортиво“ ги открива и деталите од понудата на Реал Мадрид.
Каталонскиот весник открива дека Реал Мадрид на ПСЖ му го нуди Герет Бејл и уште 90 милиони евра. Велшанецот е на излезна врата од Реал Мадрид, па потенцијалната замена меѓу двајцата фудбалери е најреалното решение во овој момент.