Дома Трансфер зона Интер му понуди трампа на Арсенал, но Икарди кажа НЕ!

Интер му понуди трампа на Арсенал, но Икарди кажа НЕ!

Мауро Икарди не е во плановите на Интер и тренерот Конте за следната сезона, па „нероаѕурите“ сакаат што побрзо да се ослободат од Аргентинецот.

Икарди не сака да си замине од Италија, неговата желба е трансфер во Јувентус и ги одбива сите други понуди.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми тврдат дека „нероаѕурите“ го понудиле Икарди на англискиот премиерлигаш Арсенал, а во спротивна насока сакале да пристигне Пјер Емерик Обамејанг.

„Спорт Медиасет“ пренесува дека можноста за ваква трампа пропаднала, бидејќи Икарди веднаш одбил да се пресели на „Емирати“.

Аргентинецот сака трансфер во Јувентус, кој нуди само 40 милиони евра, а од друга страна Интер сака да извлече максимум од неговото заминување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …