Дома Трансфер зона Јувентус тргнува по дефанзивецот на Тотенхем

Јувентус тргнува по дефанзивецот на Тотенхем

Левиот бек на Тотенхем, Дени Роуз би можел да се пресели во Јувентус, пренесуваат англиските медиуми.

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари добро ги познава квалитетите на 29-годишниот Англичанец и смета дека ќе биде идеално засилување за левата бековска линија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус го продаде Спинацола во Рома, и сега на таа позиција го има само Алекс Сандро, па сака да го доведе Роуз како алтернатива за Бразилецот.

Роуз има договор со Тотенхем до 2021 година и неговата цена изнесува 25 милиони евра, а Јувентус ќе треба да се избори во конкуренцијата од ПСЖ. Сепак, англиските медиуми тврдат дека „старата дама“ е во пол-позиција за неговиот потпс.

Роуз моментално не е со остатокот од тимот на подготвителната турнеја, па е на излезна врата од Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…