Дома Трансфер зона Сари отворено призна дека Погба е фудбалер кој му се допаѓа

Сари отворено призна дека Погба е фудбалер кој му се допаѓа

Tренерот на Јувентус, Маурицио Сари денес зборуваше за плановите на Јувентус за новата сезона од која навивачите имаат големи очекувања.

Сари ја превзема клупата на „старата дама“ откако на крајот од минатата сезона беше одлучено Масимилијано Алегри да си замине. Пред Сари сигурно е голем притисок бидејќи од Јувентус во наредната сезона се очекува конечно да ја освои Лигата на шампионите.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Јувентус беше активен во досегашниот дел од преодниот рок, а последен кој дојде е холандскиот стопер Матијас Де Лихт.

Со Јувентус се поврзува и Пол Погба и Сари потврди дека Французинот му се доапаѓа како фудбалер.

„Навистина ми се допаѓа Погба како фудбалер, но тој е играч на Манчестер Јунајтед. Не сум спортски директор и не знам каква е ситуацијата“, изјави Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…