Фелипе Кутињо е на излезни врати од Барселона и после последните постапки на фудбалерот ќе биде навистина изненадување ако и наредната сезона го гледаме во дресот на Каталонците.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пред неколку дена беше забележано дека Кутињо го отстрани описот кој го поврзуваше со Барселона, а сега одново Бразилецот направи потег со кој најавува дека ќе замине.
Имено, медиумите пишуваат дека Кутињо го отпишал своите деца од школата на Барселона.
Кутињо се помалку е дел од плановите на Барселона и после ова може да се каже и дека ќе биде изненадување ако сезоната ја започне во Каталонија.
Ливерпул од каде што дојде во Барселона се споменуваше како потенцијална дестинација за Бразилецот.