Денес Јувентус отпатува за Сингапур каде што ќе ги помине припремите за новата сезона.
На списокот на Маурицио Сари се најдоа 27 фудбалери. Помеѓу нив е и играчот од кој Јувентус сака да се ослободи, Гонзало Игуаин. Низ италијанските медиуми се пишува дека Рома и Јувентус постигнале договор (тука), меѓутоа аргентинскиот напаѓач сака да остане.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што споменавме Игуаин отпатува, меѓутоа внимание привлече бројот кој остана слободен. Имено, „Пипита“ на турнеаа отпатува со број 21, а „деветката“ остана слободна.
За поголемиот број медиуми ова е потврда дека Јувентус спрема уште еден голем трансфер во финишот на преодниот рок. Очекувањата во овој момент се дека тој број се чува за Мауро Икарди.
Меѓутоа за тој или некој друг да пристигне Јувентус прво мора да се ослободи од Игуаин и/или Манџукиќ.