Mилан сака да доведе засилувања со цел да се бори за Лигата на шампионите, а медиумите тврдат дека главна мета е Лука Модриќ од Реал Мадрид.
„Скај Спорт“ пред два дена објави дка агентот на Модриќ, Владо Лемиќ ги посетил просториите на Милан каде што разговарал со Звонимир Бобан и Паоло Малдини за потенцијалниот трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот на Модриќ истекува за една година, а Италијанците сметаат дека тоа е идеална прилика за преговори со клубот од „Бернабеу“. Притоа, сакаат да ја искористат блискоста помеѓу Лука и Звонимир Бобан.
На оваа тема денес проговори и директорот на Милан, Паоло Малдини кој негираше дека клубот преговара за Модриќ.
„Никогаш не преговаравме за доаѓање на Модриќ и никогаш не било тоа тема на разговор. Ние бараме млади и силни играчи, но и искусни фудбалери. Модриќ е играч кој би бил перфектен за нас, но никогаш не сме преговарале за негов трансфер“, истакна Малдини.