Дома Трансфер зона Гвардиола откри дека бара дефанзивец!

Гвардиола откри дека бара дефанзивец!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола откри дека клубот е во потрага по засилување за одбраната ова лето.

„Граѓаните“ го купија Родри од Атлетико Мадрид за 70 милиони евра, но во целина не се многу активни на трансфер пазарот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Гвардиола откри дека клубот е во потрага по централен дефанзивец, кој ќе биде замена за Винсент Компани.

„Постои варијанта да доведеме дефанзивец, но не знам дали е возможно. Ако не донесеме ќе работам со тројца цебтрални дефанзивци“, изјави Гвардиола.

„Многу сум среќен со тимот кој го имам на располагање. Не знам што ќе се случи до крајот на преодниот рок. Не знам дали некој ќе замине, и дали некој ќе пристигне“, додаде каталонскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…