Преговори помеѓу Барселона и ПСЖ за трансферот на Нејмар постојат, иако клубовите немаат директен контакт преку свои официјани преставници.
Весникот „АС“ пренесува дека преговорите помеѓу двата клуба се водат преку посредници, а Барселона пред неколку дена ја испрати првата понуда до францускиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонците понудиле 40 милиони евра плус правата на Филипе Кутињо и Осман Дембеле за да дојдат до потписот на Нејмар.
Меѓутоа „светците“ експресно ја одбиле таквата понуда. ПСЖ е спремен да го пушти Нејмар, но сака да врати поголем дел од вложените 222 милиони евра, колку што платија за Бразилецот пред две години.
Меѓутоа, Барселона не се откажува и денес испрати нова понуда, која ПСЖ тешко ќе може да ја одбие.
Имено, „Скај Спорт“ пренесува дека Барселона понудила 90 милиони, плус двајца фудбалери. Каталонците доставиле листа од шест фудбалери, меѓу кои Кутињо и Дембеле.
Медиумите се оптимисти дека ПСЖ ќе ја прифати ваквата понуда и дека трансферот наскоро ќе се реализира, особено поради фактот што Нејмар инсистира да го напушти клубот.
BREAKING: Barcelona have bid £90m plus two players for PSG striker Neymar. The Liga club have given PSG a list of six players that could go, including Philippe Coutinho and Ousmane Dembélé. (Source: Sky Germany) pic.twitter.com/78AUzAbSJQ
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 18, 2019