Главна вест во медиумите веќе подолго време е трансферот на Нејмар, а сега покрај Барселона се појави уште еден претендент за неговиот потпис.
Нејмар сака по секоја цена да си замине од ПСЖ ова лето, па иако негов приоритет е враќањето во Барселона, Бразилецот не ја исклучува можноста да се пресели во друг европски гигант.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мундо Депортиво“ денес објави дека таткото на Нејмар пристигнал во Торино и ќе има средба со шефовите на Јувентус, која ќе биде од информативен карактер.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Јувентус нашол начин како да го доведе Нејмар во своите редови и за возврат е спремен на ПСЖ да му го понуди Дибала, плус одредена сума на пари.
Сепак, за да се реализира овој трансфер Нејмар ќе треба да прифати значително намалување на платата. Бразилецот во Париз заработува 36 милиони евра по сезона, а италијанскиот шампион не е спремен да му понуди повеќе од 25 милиони евра годишно.
?¡MUY ATENTO! NEYMAR podría acabar en la JUVENTUS… en un TRUEQUE con DYBALA. #JUGONES pic.twitter.com/WNc3QKRdLo
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) July 18, 2019