Aтлетико Мадрид денес доведе уште едно засилување.
Станува збор за сега веќе поранешниот дефанзивец на Еспањол, Марио Хермосо кој одигра две добри сезони во клубот од Каталонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хермосо има 24 години, а освен на позицијата стопер може да игра и како лев бек. Претходно во својата кариера Хермосо беше дел од јуниорите на Реал Мадрид, Реал Ваљадолид, а потоа и играше и за Реал Мадрид Кастиља.
Сумата за кој овој фудбалер пристигнува во Мадрид е помеѓу 35 и 40 милиони евра.
Тој е деветтото засилување за Атлетико оваа сезона, пред него во клубот пристигнаа: Жоао Феликс, Маркос Љоренте, Киеран Типие, Фелипе, Ренан, Лоди, Иван Шапоњиќ, Ектор Ерера и Николас Ивањез.
Ќе потсетиме, клубот го напушти Антоан Гризман кој заврши во Барселона.
? | Accord avec le @RCDEspanyol pour le transfert de @mariohermoso5.
?? L’international Espagnol s’est engagé pour les 5 prochaines saisons. ?
? Bienvenue, Mario! ?⚪?
? https://t.co/wEwmmmXv1x#AúpaAtleti #BienvenueHermoso pic.twitter.com/JxkGMZ03Gu— Atlético de Madrid (@AtletiFR) July 18, 2019