Де Роси ја напушти и Рома и сега на големо се пишува дека ќе се пресели во Аргентина во редовите на Бока Јуниорс.
Рома е единствениот клуб за кој Де Роси настпауваше, но раководството не му понуди продолжување на соработката. Се најавуваше дека 35 годишниот Де Роси ќе стави крај на кариерата, но тоа нема да се случи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Де Роси ќе се пресели во Бока Јуниорс, култниот аргентински клуб кој на европскиот фудбал му даде бројни големи фудбалери.
Римскиот „гладијатор“ како што пишува „Газета“ во наредните 48 часа би требало да пристигне, а помеѓу навивачите на Бока владее еуфорија пораи овој трансфер. Аргентинските медиуми и друштвените мрежи се преполни со монтажи од италијанскиот репрезентативец во дресот на Бока со број 16.
Поради тоа во клубот сериозно размислуваа за спектуларно претставување на Де Роси на „Бонбоњеа“ која ќе биде отворена за навивачите, нешто што вообичаено за поголемите европски клубови кога пристигнува големо име.
Ќе биде навистина интересно да се гледа Де Роси во познатото „Суперкласико“ против Ривер.
De Rossi in the Superclasico! ?⭐ ?
Daniele De Rossi, 35, may postpone his retirement from professional football to sign a five-month contract with Argentinean side Boca Juniors.#DeRossi @BocaJrsOficial #OptusSport pic.twitter.com/fjyDpFJ2D2
— Optus Sport (@OptusSport) July 17, 2019