Дома Трансфер зона Aрсенал е спремен во овој преоден рок да го сруши клупскиот рекорд!

Aрсенал е спремен во овој преоден рок да го сруши клупскиот рекорд!

Ако им веруваме на англиските медиуми Арсенал во овој преоден рок би можел да го сруши клупскиот рекорд.

„Топџиите“ се спремни да понудат износ од 80 милиони евра за доведување на Николас Пепе, младиот офанзивец кој ја воодушеви Европа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој 24 годишен фудбалер зад себе има фантастична сезона во дресот на Лил со кој се пласираше во Лигата на шампионите.

Пепе е голема желба на Баерн, а во случај да потпише за Арсенал за таа сума би станал најскапиот фудбалер на „топџиите“ во историјата.

Досегашниот рекорд го држи Пјер-Емерик Обамејанг кој во јануари во 2018 година пристигна од Борусија Дортмунд за 65 милиони евра, сметајќи ги и бонусите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан ја плаќа клаузулата за Гираси

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси го привлече вниманието на многу европски клубови, а на…