Пол Погба беше на мета на Јувентус, но „старата дама“ изгледа се откажала од намерата да го врати Французинот во Торино.
Реал и Јувентус беа главни кандидати за доведување на Погба, но сега во игра за потписот на Французинот останал само клубот од Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус сакаше да го ангажира Погба, меѓутоа Манчестер Јунајтед постави висока од 167 милиони евра и тоа ги натера во Торино да се откажат од намерата.
Тој износ е преголем ако се знае дека во Јувентус треба да пристигне и Де Лихт кој „бјанконерите“ ќе ги чини помеѓу 70 и 80 милиони евра.
Реал Мадрид ова лето веќе ангажира неколку фудбалери и потроши голема сума, а по Погба се очекува да тргнат откако ќе се ослободат од „вишокот“.