Дома Трансфер зона Договорено: Парма се засили од Интер!

Договорено: Парма се засили од Интер!

Интер го продаде Јан Карамо на Парма.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот од Милано си изгради репутација на клуб кој не смета на своите најдобри млади играчи, иако младинскиот тим на Интер забележува одлични резултати.

Како еден од најголемите докази на ова тврдење е минатогодишниот трансфер на Заниоло. Младиот Италијанец Интер го искористи како „кусур“ во доведувањето на Наинголан. Сега после само една сезона во Рома цената на Заниоло е повеќе од 50 милиони евра.

Италијанските медиуми попладнево пренесуваат дека Интер ја заврши продажбата на уште еден млад фудбалер.

Јан Карамо ќе продолжи да се развива во Серија А, но во тимот на Парма. „Млекарите“ успеаа да ги договорат неговите услуги за околу 13 милиони евра.

Карамо има 21 година и одлично се снаоѓа на крилните позиции, минатата година ја помина на позајмица во Бордо каде што одигра 33 натпревари. Времето ќе покаже дали Парма е вистинско место за негов развој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…