Kејхил е во потрага по нов клуб.
Поранешниот фудбалер на Челзи, Гери Кејхил остана без клуб, а постојат неколку клубови кои се заинтересирани за неговиот ангажман. Според најновите информации, ветаранот бил понуден на Лидс.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овој 33-годишен стопер осум години помина во Челзи, а покрај Лидс, и Астон Вила му понудила договор на овој играч. Гери Кејхил во текот на својата кариера настапуваше за Астон Вила, Барнли, Шефилд, како и Болтон пред да пристигне во Челзи.
За репрезентацијата на Англија одигра 61 натпревар и постигна пет гола.