Јувентус ова лето сака да го доведе Маруро Икарди од Интер.
Така „Старата дама“ покрај Роналдо, Диабала, Игуаин и Кеан ќе има уште еден напаѓач во својот тим. Јасно е дека младиот 19-годишен Кеан покрај вакви имиња има малку шанса за игра, па сега некои клубови започнаа да се интересираат за неговите услуги, а и самиот Кеан размислува кој би бил најдобриот потег за својата иднина.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Токму на сцената се појави и Евертон кој сака да го доведе во своите редови, а според последните информации од Италија, клубот од Ливерпул испратил понуда од 30 милиони евра, но таа Јувентус ја одбил. Кеан минатата сезона одигра 17 натпревари и постигна 7 гола, а се поврззуваше и со Ајакс како дел од договорот за Де Лихт.
Тој минатата сезона сруши и неколку рекорди, од кој и оној на легендарниот Алесандро Дел Пиеро кој со 19 години во сезоната 1993/94 во Серија А постигна 5 гола, додека Кеан постигна 6 гола.