Фудбалерите на Рома вчера ги започнаа подготовките за новата сезона, а на лекарски прегледи се појави и Един Џеко.
Џеко веќе неколку недели се поврзува со трансфер во Интер и многумина очекуваа дека овој трансфер ќе биде завршен пред почетокот на припремите, но тоа не се случи. Напаѓачот вчера пристигна на лекарски прегледи, но не беше расположен да разговара со новинарите и да се фотографира со навивачите. Јасно е дека Џеко сака што побрзо сето ова да се заврши за да се фоксуира на подготовките.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Gazzetta dello Sport“ објави дека управите на Рома и Интер вчера разговарале во Милано, но повторно без никаков напредок. Бепе Марота и Гвидо Фиенга зборуваше за Џеко, но ништо не се променило. Како што пренесуваат медиумите на Апенините состанокот изгледал како „ладна војна“ односно разговарање околу цената за Џеко која изгледа дека ќе се намали.
Во Интер не сакаат да ризикуваат и да рабораат на сила, тие се спремни преговорите да траат уште некое време, додека во Рома не се откажуваат од високата цена која ја поставија за Џеко. Истиот извор пренесува дека во овој случај најлошо му е на Џеко, бидејќи веќе со недели се пишува за неговото заминување во Интер.