Идинината на Џиџо Донарума и ова лето е главна тема во италијанските медиуми и силно се шпекулира дека може да го напушти Милан.
Најсилен интерес за него покажа Пари Сент Жермен кој веќе испрати прва понуда, која експресно беше одбиена од страна на „росонерите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За иднината на 20-годишниот голман се огласи и директорот на Милан, Паоло Малдини, кој категорично потврди дека Донарума не е на продажба.
„Идејата е да го задржиме Донарума уште долго време во нашиот тим. Тој е многу важен играч и нашата позиција е јасна“, изјав Малдини.
Наводно и самиот Донарума инсистира да остане на „Сан Сиро“ и се очекува во наредните месеци да стави потпис на нов договор.