Рома е последниот клуб кој се вклучи во трката за напаѓачот на Реал Мадрид, Маријано Дијаз, пренесуваат шпанските медиуми.
Весникот „АС“ пренесува дека „волчицата“ сака да го донесе 25-годишниот напаѓач на едногодишна позајмица со право на откуп.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Маријано сака да остане во клубот, но после доаѓањето на Јовиќ ќе му биде многу тешко да се избори за минутажа, па Зидан веќе го известил напаѓачот дека не влегува во неговите планови.
Изминатите денови медиумите пишуваа за интерес од страна на Милан за напаѓачот, а интерес за него исто така покажува и Тотенхем.
Шпанските медиуми тврдат дека најсилен интерес за Маријано во моментов покажуваат Милан и Рома, па голема е веројатноста напаѓачот следната сезона да игра во Серија А.