Во европските медиуми утрово се појави информација дека Аргентина би можела да игра во наредното издание Лига на нации.
Угледната Марка утрово објави дека УЕФА одлучила да ја покани Аргентина да учествува на наредното издание на Лига на нации.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Аргентинците се разочарани од случувањата во Копа Америка, а наводно после тоа добиле примамлива понуда за играње во Лига на нации.
Меѓутоа, УЕФА експресно се огласи после овие наводи на шпанска Марка и ги демантираше овие информации. Јасно порачаа дека не е точно дека ја поканиле Аргентина да играат во ова натпреварување.
„Нема вистина во тоа дека сме ја прашале Аргентина да игра во Лига на нации или во кое било натпреварување под капата на УЕФА. Тие не се членки на УЕФА и воопшто немало разговори околу тоа.“ – порача УЕФА.