Дома Фудбал Англија Ерера: Манчестер Јунајтед задоцни со преговорите!

Ерера: Манчестер Јунајтед задоцни со преговорите!

Андер Ерера откри дека една од причините да го напушти Манчестер Јунајтед е фактот што клубот многу касно ги започнал преговорите за нов договор.

Минатата недела Ерера потпиша 5-годишен договор со ПСЖ, откако неговиот договор истече со Манчестер Јунајтед и замина од „Олд Трафорд“ како слободен агент.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Не би сакал да гледам во минатото премногу, но, постојат големи разлики во поглед на проектот и моето значење во истиот. Бев среќен во тој клуб, имам голема благодарност кон клубот и неговите навивачи, како и за Солскјер, тој направи максимум за да останам, меѓутоа до тоа не дојде, бидејќи клубот задоцни, јас веќе ја донесов конечната одлука да играм во Париз“, откри Ерера.

29-годишниот Ерера пристигна на „Олд Трафорд“ во 2013 година и за „црвените ѓаволи“ одигра вкупно 189 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…