Дома Фудбал Бразил ја освои Копа Америка, реакции ќе предизвика сомнителниот пенал во финишот (ВИДЕО)

Бразил ја освои Копа Америка, реакции ќе предизвика сомнителниот пенал во финишот (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Бразил е освојувач на овогодинешноти издание на Копа Америка откако во финалето го победија Перу со 3:1.

Бразил во овој натпревар влезе како апсолутен фаворит и на крајот ја оправда фаворитската улога.

До предност „Кариоките“ стигнаа во 15-тата минута кога Евертон го отвори резултатот. Перу изедначи преку Гуереро од пенал во 44-тата минута. Сепак, веќе во следниот напад асистентот при првиот гол Хесус самиот се запишува во листата на стрелци за нова предност на Бразил.

Стрелецот и асистентот, Хесус во второто полувреме направи еден непромислен потег после кој заработи втор жолт картон.

Перу се надеваше во тие моменти, меѓутоа во финишот Бразилците добија еден пенал кој сигурно ќе предизвика реакции во јавноста. Сигурен реализатор на најсторгата казна беше Ричарлисон за конечни 3:1.

https://youtu.be/HJhHM2ZFwDs

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…