Дома Македонски спорт Мак ракомет Херем го раскина договорот со ЖРК Вардар

Херем го раскина договорот со ЖРК Вардар

Најдоброто лево крило во женскиот ракомет, Камила Херем, по само една сезона ќе го напушти ЖРК Вардар, откако договори спогодбен раскин на договорот со клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Камила Херем, репрезентативката на Норвешка, една година пред истекот на договорот ќе го напушти ЖРК Вардар, откако спогодбено го ракина договорот.

„На барање на Херем, спогодбено е раскината соработката. Таа изрази желба за враќање во татковината. Ние ја почитуваме нејзината одлука и ѝ посакуваме успех во кариерата“, наведува клубот на својата страница.

Херем во досегашниот дел од сезоната постигна 33 гола во Лигата на шампионите, а ќе му помогне на тимот на завршниот турнир во Будимпешта (6 и 7 мај) да ја освои првата титула во елитното натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!

Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако…