Трансферот Антоан Гризман од Атлетико до Барселона, кој требаше да биде чиста формалност се претвори во вистинска војна помеѓу двата клуба.
Се започна откако на 1 јули клаузулата за откуп на Французинот се намали од 200 до 120 милиони евра, но Барселона не може веднаш да ја исплати целата сума од 120 милиони евра, додека не продаде еден од своите играчи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тогаш Каталонците побара од Атлетико да се согласи на исплата на рати, на што клубот од Мадрид се согласи под услов Барса да им го даде Нелсон Семедo.
Каталонците не се согласуваат со таквата опција, спремни се тие да го платат данокот од 7 милиони евра, но да ја платат целата сума на рати.
Последните информации од Шпанија се дека Гризман се заканил со штрајк и нема да се појави на првиот тренинг, бидејќи сака што побрзо да се пресели на „Камп Ноу“.
Наводно Французинот го известил клубот дека е спремен сам да ја плати клаузулата од 120 милиони евра, а потоа Барса на негова сметка да ги префрли парите.
?[ESPN Deportes] | Neto will be presented on Tuesday while Antoine Griezmann will be presented on Friday. pic.twitter.com/WJDsbwYBXk
— BarçaTimes (@BarcaTimes) July 6, 2019