Дома Трансфер зона Интер го продава Наинголан, за да го купи Видал

Интер го продава Наинголан, за да го купи Видал

Интер се обидува да се ослободи од играчот за врска Раџа Наинголан, но во моментов нема заинтересирани купувачи, пренесуваат италијанските медиуми.

Единствена надеж на „нероаѕурите“ е Кина и се надеваат дека Наинголан ќе прифати да се пресели во Жиангсу Сунинг, клуб кој ги има истите сопственици како Интер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгиецот пристигна на „Џузепе Меаца“ минатото лето од Рома, но одигра просечна сезона и неговата цена драстично се намали.

Италијанските медиуми тврдат дека Антонио Конте го сака Артуро Видал од Барселона, но за да се реализира тој трансфер потребно е да биде продаден Наинголан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…