Дома Трансфер зона Ништо од Ловрен, Милан се насочува кон Настасиќ

Ништо од Ловрен, Милан се насочува кон Настасиќ

Повремениот рерпрезентатицец на Србија и член на Шалке, Матија Настасиќ ова лето би можел да направи трансфер во Серија А.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Спорт Италија“ пишува дека познатиот менаџер Фали Рамадани бил контактиран од Милан, па наскоро може да се очекува официјална понуда.

Клубот од „Сан Сиро“ е во потрага по дефанзивец, па откако Ливерпул одлучи да ги одбие сите понуди за Ловрен, „росонерите“ сега ќе тргнат по потписот на Настасиќ.

26-годишниот Настасиќ има и искуство во Серија А, каде што настапуваше за Фиорентина, пред да се пресели во Манчестер Сити.

Дефанзицевот сака да се пресели во Серија А и преку својот менаџер Рамадани дал согласност за трансферот, а Шалке за неговата слобода бара помеѓу 15 и 18 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…