Лестер преку својата официјална страна го потврди трансферот на најдобриот играч на Њукасл, Ајозе Перез.
„Лисиците“ за Перез ќе платат сума од 30 милиони фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одличниот Шпанец минатата сезона постигна 12 гола. Интерес за него покажаа Манчестер Сити и Евертон. Меѓутоа Сити се насочи кон Родри, а шампионот на Премиер лигата од 2016 година успеа да ја добие трката со „карамелите“.
Овој 25 годишен фудбалер без никакви дилеми ќе донесе една нова димензија во нападот на Лестер заедно со Џејми Варди.
„Пресреќен сум поради трансферот во овој клуб. Искрен, едвај чекам да започне сезоната и да покажам колку вредам“, изјави самоуверениот Перез.
Leicester City Football Club is delighted to confirm the signing of Spanish forward @AyozePG! ?#HolaPérez
— Leicester City (@LCFC) July 4, 2019