Aргентина изминатата вечер изгуби од Бразил во полуфиналето на Копа Америка.
Со тој пораз Лионел Меси остана без прилика да се бори за трофеј во дресот на Аргентина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа победа од 2:0 посебно значење имаше за Алисон Бекер кој успеа да врзе девет натпревари без примен гол, а покрај тоа доби и уште еден дуел со Меси.
Низата на натпревари без примен гол на Алисон започна токму против Меси кога Ливерпул играше против Барселона во Лигата на шампионите. Потоа Бразилецот „чиста“ успеваше да ја
зачува во натпреварите против: Вулверхемптон, Тотенхем, Хондурас, Боливија, Венецуела, Перу, Парагва и овој последен натпревар против Аргентина.
Ваквиот податок беше објавен на официјалната страна на Ливерпул, а на објавата интересен коментар остави Вирџил Ван Дајк.
— Virgil van Dijk (@VirgilvDijk) July 3, 2019