Дома Трансфер зона „Кориере дело Спорт“: ПСЖ не е фаворит за Бонучи, се појави друг клуб!

„Кориере дело Спорт“: ПСЖ не е фаворит за Бонучи, се појави друг клуб!

Откако пред некој ден се појавија првите гласини дека Бонучи може одново да го напушти Јувентус ова лето денес се појавуваат нови.

Пред неколку дена се пишуваше дека Пари Сен Жермен ќе се обиде да го доведе Бонучи во своите редови, како и дека првите контакти биле остварени.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сега „Кориере дело Спорт“ пренесува дека Манчестер Сити кој се обидуваше да го доведе и пред три години е вклучил во трката. Тогаш Јувентус одби да го продаде, но веќе следната година Бонучи Јувентус го замени со Милан. После една година помината во Милано се врати во Торино за сума од 35 милиони евра.

Бонучи со Јувентус има договор на уште три години. Јувентус наводно би се согласил да го продаде за сума помеѓу 50 и 60 милиони евра, барем според информациите на „Кориере дело Спорт“.

Истиот извор потенцира дека Сити е најблиску до неговиот потпис и дека ПСЖ засега е во во втор план.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…