Шпанскиот фудбалер Пабло Сарабија ја напушти Севиља и кариерата ќе ја продолжи во дресот на Пари Сен Жермен.
Сарабија во претходните сезони беше еден од најдобрите играчи на Севиља и со своите настапи го сврте вниманието на голем број европски гиганти. Но, на крајот го избра Пари Сен Жермен кој во медиумите не се поврзуваше многу со неговото име.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Утрово ПСЖ го потврди трансферот и објави дека Сарабија потпиша договор на пет години.
Сарабија пред навивачите ќе биде претставен во петок, а од овој 27 годишен крилен напаѓач во Париз имаат големи очекувања. Низ француските медиуми може да се прочита дури и дека би можел да биде замена за Нејмар кој на големо се поврзува со Барселона.
Шпанскиот фудбалер ја помина школата на Реал Мадрид, но никогаш не настапи за првиот тим на „кралевите“. Покрај Севиља во својата кариера го носеше дресот уште на Гетафе.
✍️?? @Pablosarabia92, le milieu offensif espagnol du @SevillaFC_FRA, 27 ans, s’est engagé pour 5 saisons avec le Paris Saint-Germain ✔️
Interview ? et photos ? à découvrir vendredi sur https://t.co/oDgvOgVNCY !#WelcomeSarabia pic.twitter.com/RcguM86gO8— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) July 2, 2019
https://www.youtube.com/watch?v=mkL9L5NULWk