Поранешниот играч за врска на Јувентус и репрезентативец на Италија Клаудио Маркизио од денес е слободен играч.
Имено, вчера рускиот клуб Зенит на својата официјална страна потврди дека го раскинува договорот со Италијанецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Маркизио после долгогодишната авантура во Јувентус минатото лето пристигна во Зенит како слободен играч.
Со Зенит потпиша договор до летото 2020 година, но после кратките преговори дојде до спогодбено раскинување на договорот.
Проблемите со коленото кои ги имаше 33 годишниот фудбалер му дозволија да настапи само на 15 натпревари, но сепак успеа да постигне два гола.
„Зенит сака да му се заблагодари на Клаудио за времето поминато во клубот и да му посака се најдобро во иднина“, порачаа од рускиот клуб.
The club can confirm that Claudio Marchisio's contract has been mutually terminated.
Zenit would like to thank Claudio for his time with the club and wish him all the best for the future. pic.twitter.com/yu27GeBsMZ
— FC Zenit in English? (@fczenit_en) July 1, 2019