Дома Фудбал Репрезентации Аргентинците воодушевени од Меси: Не паметиме кога се однесувал така (ВИДЕО)

Аргентинците воодушевени од Меси: Не паметиме кога се однесувал така (ВИДЕО)

Лионел Меси во вчерашниот натпревар на Копа Америка против Венецуела кој Аргентина го доби со 2:0 беше исклучително мотивиран, а тоа го покажа пред самиот почеток на натпреварот.

Пет години откако на легендарната „Маракана“ во Бразил го изгуби финалето на Светското првенство после што следуваше голем пад во играта на репрезентацијата Меси се врати на стадионот во Рио Де Женеиро во четвртфиналето од Копа Америка против Венецуела.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Пред натпреварот навивачите на Аргентина Меси ги воодушеви со тоа што од цел глас ја пееше националната химна при интонирањето. Вообичаено Меси во тој дел е резервиран во покажувањето емоции и мирно го чека крајот, но сега беше поинаку.

„Не паметиме кога последен пат го направил тоа, Лео секоја чест“, коментираа навивачите на Аргентина на друштвените мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Италија со пресврт ја победи Албанија

Репрезентацијата на Италија потешко од очекувањата ја победи Албанија со 2:1 на стартот на…