Бразилската ѕвезда Нејмар веќе подолго време се поврзува со враќање во редовите на Барселона.
Нејмар Барселона ја напушти за 222 милиони евра и премина во Пари Сен Жермен со што стана најскап фудбалер на сите времиња.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во медиумите веќе подолго време се пишува дека Бразилецот не е задоволен во клубот и сака повторно да игра за Барселона, а тоа во изјава го потврди потпретседателот на Барселона.
„Вистина е. Нејмар покажа желба да се врати во Барселона, но клубот се уште не ја разгледал оваа опција“, изјави Жорди Кардонер за „ЕСПН“.
Прво се пишуваше дека Пари Сен Жермен за Нејмар ќе бара сума од 300 милиони евра, но сега „Ле Паризиен“ објави дека клубот може да го пушти Нејмар и за сума помеѓу 130-150, плус двајца играчи.
Ова изгледа навистина лудо, посебно ако се знае дека во пакетот би биле вклучени двајца играчи од Дембеле, Кутињо, Ракитиќ и Умтити.