Дома Трансфер зона Заха официјално побара трансфер во Арсенал

Заха официјално побара трансфер во Арсенал

Англиските медиуми пренесуваат дека Вилфред Заха побарал од раководството на Кристал Палас да ја намали цената која ја бара за него, за да може да направи трансфер во екипата на Арсенал.

Заха е примарна трансфер цел на Арсенал, но трансферот не може да се реализира поради високата цена која ја поставил Кристал Палас.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Скај Спорт“ објави дека Кристал Палас за слободата на својата ѕвезда бара 80 милиони фунти, сума која „топџиите“ не се спремни да ја платат.

„Топџиите“ имаат ограничени средства за трошење и трансфер буџет од 45 милиони фунти по неуспехот да се обезбеди настап во Лигата на шампионите, па Арсенал ќе мора најпрво да продава.

Според Скај Спортс, се очекува наскоро „топчиите“ да достават понуда од 45 милиони фунти, а играчот прави притисок истата да биде прифатена за да се пресели на „Емирати“.

Манчестер Јунајтед може да „профитира“ од овој трансфер, бидејќи според клаузулата ќе добие 25% од следниот трансфер на Заха.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Анте Ребиќ се враќа во Серија А?

Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ од следната сезона би можел повторно да игра во Серија А. И…