Норвешкото чудо од дете Мартин Одегард пронајде нов клуб, пренесува шпански „АС“.
Споменатиот извор тврди дека Одегард размислувал помеѓу Баер Леверкузен и Реал Сосиедад, а на крајот го избрал шпанскиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Реал наводно сакале тој да биде позајмен во Леверкузен, но тој сепак на крајот се одлучил за враќање во Шпанија.
Со Сосиедад Одегард ќе потпише договор за позајмица на две години после која би требало да се врати во Мадрид.
Во меѓувреме би требало да потпише и нов договор со Реал Мадрид со што се очекува „кралевите“ на него според тој договор да имаат право до 2023 година.
Минатата сезона Одегард ја помина во дресот на холандски Витесе каде што одигра 39 натпревари, постигна 11 голови и запиша 12 асистенции.
Многумина сметаа дека овој 20 годишник треба да добие шанса во првиот тим на Реал следната сезона, сепак за него ќе следи уште една позајмица.