Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Борусија Дортмунд го претстави повратникот!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Борусија Дортмунд го претстави повратникот!

И денес како и секој ден ви ги пренесувам сите случувања на трансфер пазарот ширум светот. Од она што денес најмногу се очекува е потписот на Ван Бисака со Манчестер Јунајтед, овој трансфер би требало да биде официјализиран до крајот на денот.

– Утрово веќе се појави фотографија од Ван Бисака во дресот на Манчестер Јунајтед.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


– Се појасно станува дека Несторовски и Трајковски ќе го напуштат Палермо откако денес фудбалерите на овој клуб ја информираа јавноста дека не земале плата. На Палермо му се заканува банкрот.

– Новинарот кој важи за добро упатен со случувањата во Јувентус утрово објави дека Буфон во Јувентус ќе заработува 1.5 милион евра годишно.

– Oд Островот ни пристигна една сензационална вест – Обамејанг наводно се согласил на трансфер во Манчестер Јунајтед! (ОВДЕ)

– Според информациите од Шпанија, Атлетико Мадрид во договорот на Жоао Феликс ќе вметне откупна клазула во износ од 250 милиони евра.

Калум Хадсон Одои ќе потпише нов договор со Челзи, тврди „Мирор“.

– После вчерашната најава дека Реал Мадрид се интересира за Ван Де Бек од Ајакс, денес пристигнува дополнување на оваа информација – „кралевите“ за овој играч се спремни да понудат 50 милиони евра.

– Уште еден играч на Ајакс се поврзува со шпански клуб! Хаким Зијеш кој пред да дојде Конте во Интер се најавуваше како засилување за тој клуб, сега изгледа може да заврши во Севиља.

– Пред околу една недела се пишуваше дека Жоао Кансело од Јувентус постигнал договор со Манчестер Сити. Овој трансфер се уште не е реализиран затоа што клубот од Манчестер се обидува да го вклучи Данило во зделката додека Италијанците сакаат само 55 милиони евра.

– Ветеранот кој се прослави со играњето во Ливерпул, Рајан Бабел ги минува лекарските прегледи во Галатасарај.

– Додека се чека потврда за трансферот на Ван Бисака во Јунајтед, пристигнува информација дека тој ќе го носи дресот со број 29 на „Олд Трафорд“.

– Јувентус на сите начини се обидува да се ослободи од Гонзало Игуаин кого во клубот го сметаат за вишок. Ако Игуаин воопшто замине сега е најблиску до Рома, но како позајмен играч. Ова би била трета позајмица за Аргентинецот после Милан и Челзи.

– Чудото од дете на Реал Мадрид, Мартин Одегард е пред преселба во редовите на Реал Сосиедад како позајмен играч. (ОВДЕ)

– Официјалн: Брума е нов играч на ПСВ!

 

Тео Ернандез е на чекор од Милан! (ОВДЕ)

БУФОН: Легендарниот голман во договорот со Јувентус ќе има клазула според која ќе мора да одигра 10 натпревари (осум во серија А), а тие осум ќе го направат рекордер по бројот на настапи во италијанското првенство (ОВДЕ)

– Пари Сен Жермен спрема нова понуда за Сергеј Милинковиќ Савиќ, овој пат тие се спремни да понудат 70 милиони, плус Курзава.

– Борусија Дортмунд го претстави Матс Хумелс кој ќе го носи „својот“ дрес со број 15.

ДАНИЕЛЕ ДЕ РОСИ ОДЛУЧИЛ! Ја избрал – Фиорентина! (ОВДЕ)

– Во медиумите се појави детали од договорот на Гризман со Барселона (ОВДЕ)

– Реал Мадрид заработи 100 милиони евра од продажбата на тројца фудбалери: Љоренте (30), Ковачиќ (50) и Тео Хернандез 20 милиони евра.

– Милан започна преговори со Сампдорија за трансфер на Денис Прет и Јоаким Андерсен. Двајцата фудбалери се проценети на околу 60 милиони евра.

– Артуро Видал може да се врати во Серија А. Миланските гиганти Милан и Интер се заинтересирани за неговиот потпис.

– Вилфред Заха и официјално побара од неговиот клуб Кристал Палас да го пушти во Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …