Дома Трансфер зона Познати деталите од договорот на Гризман со Барселона – во зделката може да биде вклучен уште еден играч!

Познати деталите од договорот на Гризман со Барселона – во зделката може да биде вклучен уште еден играч!

Изгледа дека судбината на Гризман е решена!

Според последните информации Барселона ќе плати шест милиони повеќе од откупната клазула (120 милиони евра), а Атлетико таа сума ќе ја проследи до Бенфика за Жоао Феликс.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонците се согласиле да доплатат шест милиони евра затоа што Атлетико им овозможил тие 126 милиони евра да ги плаќаат на ради.

Постои можност и дополнително да заштедат, но тогаш во трансферот би бил вклучен Нелсон Семедо кој е желба на Симеоне.

Како и да е Гризман ќе биде играч на Барселона и прашање е само начинот на кој зделката ќе биде реализирана.

Покрај тоа шпанските медиуми успеаа да дојдат и до информации каков договор ќе има Гризман. Французинот ќе потпише договор на пет години со заработка од 17 милиони евра по сезона.

Трансферот поради клазулата на договорот ќе биде реалзииран на почетокот на месецот (1-ви јули) кога откупната клазула ќе падне од 200 на 120 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…