Дома Останати Тенис Тажно: Бекер на аукција продава лични работи, па дури и чорапи

Тажно: Бекер на аукција продава лични работи, па дури и чорапи

Поранешниот германски тенисер Борис Бекер на аукција стави лични работи, трофеи и сувенири во вредност од 200.000 фунти со цел да собере пари и да ги исплати долговите, пренесуваат денед британските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реплики на трофите на Вимблдон, Ус Опен и Дејвис Купот, медали и облека се на аукцијата. Бекер исто така продава негови рекети, часовници, па дури и чорапи.

Аукцијата е преку интернет и ќе трае до 11-ти јули.

Продажбата на работите на Бекер е организирана од страна на стечајни управници.

Шесткратниот Грен Слем шампион прогласи банкрот во јуни 2017 година. Аукцијата на неговите работи беше претходно организирана, но одложена беше бидејќи Бекер се повика на дипломатскиот имуниетет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка објави фотографии во провокативен костим и ги воодушеви фановите (Фото)

Најдобрата тенисерка на светот, Арјна Сабаленка, објави фотографии од снимањето за списани…