Дома Фудбал Кога последен пат сте виделе ваков шут на Меси? (ВИДЕО)

Кога последен пат сте виделе ваков шут на Меси? (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Аргентина вчера го победи Катар со 2:0 и се пласираше во четвртфиналето на Копа Америка.

Аргентинците некако успеаа да поминат во следната фаза иако не играа баш најдобро. Во првото коло беа поразени од 2:0, а во второто одиграа само 1:1 против Паргвај.

Меѓутоа вчера „Гауочосите“ го победија Катар со 2:0 и обезбедија место во четвртфиналето иако повторно не прикажаа некоја добра игра. Головите за Аргентина ги постигнаа Лаутаро Мартинез и Серхио Агуеро.

Покрај головите, на овој натпревар внимание привлече и еден лош шут на Лионел Меси кога топката ја испрати високо над голот во горните редови од трибините.

Секако, оние кои го критикуваат не ја пропуштија можноста после ова да „фаќаат“ сеир на Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски по дебаклот: Извинување за нулата, одлуката за иднината ќе почека

Македонија ја заврши Лигата на нации со шест порази, а Гоце Седлоски се извини и ја остави…