Не е тајна дека Арон Ван-Бисака е голема желба на Оле Гунар Солскјер, а ако им се верува на последните шпекулации од Островот, овој 21-годишен играч е блиску до Манчестер Јунајтед.
Кристал Палас веќе одби две понуди за овој десен бек, но Дејли Рекорд сега тврди дека двата клуба успеале да постигнат договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, Манчестер Јунајтед испратил понуда вредна 62 милиони евра, а Кристал Палас истата ја прифатил.
Доколку ова е вистина и доколку Ван-Бисака премине во Манчестер Јунајтед за споменатата сума, ќе стане најскапиот бек во историјата на фудбалот.
Моментално трансфер рекордот кога се во прашање бековите го држи Бенџамин Менди за кој Манчестер Сити на Монако му плати 57 милиони евра.
Ван-Бисака би можел да стане второто засилување за Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок, откако претходно во клубот пристигна Даниел Џејмс од Свонси.