Милан ова лето ќе направи голема реконструкција на тимот и веќе работи на новите засилувања.
Тренерот Џампаоло ќе направи комплетна реконструкција на срединиот ред, каде веќе заминаа Монтоливо, Бертолачи, Маури и Бакајоко.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес на прегледи пристигна Раде Круниќ кој ќе биде прво засилување за „росонерите“, но Босанецот пристигнува како алтернатива повеќе во средниот ред.
Италијанските медиуми тврдат дека Милан ќе донесе уште тројца играчи за врска ова лето, а Малдини веќе работи на новите засилувања.
Вчера имаше состанок со Марио Гуфреди, кој е агент на Верето. Милан е во пол-позиција за плејмејкерот на Фиорентина и веќе понудил 20 милиони евра.
Денес во канцелариите на „Каса Милан“ пристигнаа агентите на Стефано Сенси од Сасуоло и Амаду Дијавара од Наполи.
Милан е заинтесиран за двајцата фудбалери. Сенси е приоритет и „росонерите“ веќе имаат договор со италијанскиот репрезентативец, па се во завршни преговори со Сасуоло, а трансферот треба да „тежи“ помеѓу 15 и 20 милиони евра.
Што се однесува до Дијавара минатата сезона не добиваше голема минутажа кај Анчелоти и сака да ја промени средината, па Милан е спремен да ја искористи ситуацијата и да го донесе на „Сан Сиро“.
#Milan, l'agente di #Diawara dopo l'incontro con #Maldini: "E' andata bene, ottima impressione della società" [@86_longo] pic.twitter.com/ahjmv1SjYg
— calciomercato.com (@cmdotcom) June 18, 2019