Италијанскиот гигант Милан има проблеми со прекршувањето на финансискиот ферплеј (ФФП), па медиумите тврдат дека ќе се обиде да се „испазари“ со УЕФА.
Имено, „росонерите“ започнале преговори со Европската централа и ќе се согласат да паузираат една година од европскиот фудбал.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Милан обезбеди пласман во Лига Европа, но генералниот директор Иван Газидис побарал од УЕФА „росонерите“ следната година да не играат во Европа и со тоа да ја одработат казната.
Според последната одлука на УЕФА, Милан доби парична казна во износ од 12 милиони евра, ограничена група од 21 играчи за европските натпреварувања и исклучување од турнирите на УЕФА за период од 1 година, ако финансиите не бидат балансирани до 2021 година. Милан не верува дека тие можат да го постигнат последното во рамките на утврдениот рок, па поради тоа е спремен на „џентлменски договор“ со УЕФА.
„Росонерите“ немаат интерес да играат повторно во Лига Европа, па бараат да бидат „исфрлени“, а со тоа ќе можат и слободно да инвестираат на трансфер пазарот. Одговорот на УЕФА се очекува во следните денови.
EXCLUSIVE: #ACMilan want Europa League exclusion; UEFA to respond soon ⌛?⚫
By @VitoAngelehttps://t.co/EAOo3r4ATb
— SempreMilan (@SempreMilanCom) June 18, 2019