После шпекулациите кои траеа долго време, Маурицио Сари седна на клупата на Јувентус.
Сари го напушти Челзи, а во четврток и официјално ќе биде претставен пред навивачите. Меѓутоа неговиот ангажман на многумина не им се допадна. Пред се тоа важи за навивачите на Наполи, но и некои фанови на „старата дама“ се незадоволни од ваквиот избор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навивачите на Наполи се чуствуваат предадени, додека во Јувентус и понатаму ги паметат потезите на Сари кон Јувентус додека беше тренер на тимот од „Сан Паоло“.
Помеѓу оние на кои не им се допаѓа ангажманот на Сари е и поранешниот претседател на Јувентус, Џовани Коболи Џили.
„Како навивач се надевав дека таа гнасна работа нема да се случи“, започна Коболи и продолжи:
„Саризмот беше силен во Неапол, но јас имам добро паметење и се сеќавам на се што зборуваше и правеше на сметка на Јувентус. Сега е направено она што е направено. Мораме да му судиме по неговите дела. Неговиот квалитет не го доведувам во прашање, таму немам замерки. Не ми сметаше ниту стилот на Алегри, но сега ќе биде поинаку“.
„Ќе го тестирам Сари и се надевам дека ќе научи да се однесува како тренер на Јувентус, а не во своите вообичаени манири. Се надевам дека ќе има стил како што доликува, дури и кога ќе мора да признае дека неговиот тим не играл добро. Се надевам дека нема да бара оправдувања како што тоа го правеше во Наполи“, порача Коболи.