Пари Сен Жермен вчера официјално го претстави Леонардо за ново-стар спортски директор.
Бразилецот го напушти Милан и се врати во Париз, а ова лето ќе има полни раце работа и ќе се обиде на клубот од Париз да му донесе дополнителен квалитет за конечно да се направи исчекор во Европа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
ПСЖ доминира без конкуренција во Франција, но изостанува успехот во Лигата на шампионите, а токму тоа натпреварување е главната цел на сопствениците на клубот.
За таа цел според информациите на италијанската „Ла Стампа“ Леонардо ќе се обиде да доведе две засилувања од Серија А. Наводно, први на листата желби на Леонардо се голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума и играчот за врска на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Поради проблемите со финансиите Милан ако сака да прави реконструкција ќе мора да ги продава најскапите играчи, а Донарума сигурно е таков. Од неговата продажба „росонерите“ би заработиле најмалку 50-60 милиони евра.
Милинковиќ-Савиќ не одигра сезона каква што се очекуваше, но сепак на изненадување на многумина беше избран за најдобар играч за врска во Серија А. Савиќ се поврзуваше со Милан, Јувентус и други клубови, но „Канал +“ тврди дека ПСЖ спрема понуда вредна 75 милиони евра, а за Савиќ договор на пет години со вкупна заработка околу 30 милиони евра (со бонуси).
Минатата година Лацио за Савиќ бараше и 150 милиони евра, меѓутоа поради послабата сезона Лотито ќе мора да ги намали апетите ако сака да го продаде.